Languages

Големи промени во вашата возна мрежа од февруари

Метро тунелот ви овозможува повеќе начини за движење.


Од недела, 1 февруари, возната мрежа во Мелбурн ќе се промени.

Сите возови на линиите Cranbourne, Pakenham и Sunbury ќе поминуваат низ Метро тунелот.

Ќе добиете повеќе од 1.000 дополнителни возни услуги неделно и директен пристап до:

  • главните болници во Мелбурн
  • универзитетите
  • St Kilda Road.
     

На повеќето возни линии, вклучувајќи ги и V/Line линиите, ќе има промени во маршрутата или возниот ред. Исто така, ќе промениме некои автобуски линии за да се поврзат со новите возни линии. Дознајте повеќе за новите возни редови на автобусите.

Мапа на промените во мрежата поради Метро тунелот
 

Metro Tunnel network change line mapМапа што ги прикажува промените во маршрутите низ Метро тунелот од 1 февруари.

Планирајте го вашето патување

Изберете ја вашата линија за да видите што се менува